Гостите се воодушевени од атмосферата во градот: Скопје и Коце Трајановски во светските медиуми (фото)

Македонија, градот Скопје, Арената Филип Втори, градоначалникот Коце Трајановски се едни од главните вести во сите светски медиуми.

Гостите кои поради Суперкупот се дојдени во Македонија се воодушевени од гостопримливоста и атмосферата во градот.

Сите светски медиуми исто така информираат и за стадионот на кој ќе се игра натпреварот, Арената Филип Втори. Дејли Меил, Експрес, Дејли Стар, Мирор и многу други медиуми од Британија се само дел од оние кои пишуваат за Македонија. Покрај шпанските и британските медиуми за овој хепенинг во Македонија пишуваат медиуми скоро од целиот свет.

Сите светски медиуми моментално се свртени кон Скопје и Македонија, каде вечерва ќе има голем спектакл, а е тоа мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед од Суперкупот на Европа.

Еден од најдобрите британски медиуми во својот текст пишува и за градоначалникот Коце  Трајановски, како и се споменува промотивното видео за Суперкупот.