Горки вистини кои тешко ги прифаќаат луѓето со меко срце

  1. Љубовта кон некого не е секогаш синоним за компатибилност. 

  2. Без оглед на тоа колку се трудите да бидете добра личност, никогаш не можете да бидете сигурни дека нема да имате лоши моменти.

  3. Не можете да научите нешто ако не доживеете неуспех. Не можете да се промените без чувството на болка. 

  4. Можете да направите сѐ како што треба, да дадете сѐ од себе и повторно да не успеете. 

  5. Понекогаш нѐ повредуваат луѓе за кои сме помислеле дека требало да ни помогнат.

  6. Семејството не е нужно сродство. Понекогаш, покрај сите напори, излегува дека блиските роднини се најмалку разумни луѓе.

  7. Единствената личност на која можете 100% да се потпрете сте самите вие. 

  8. Едно е да се дружите со луѓе кои ви делуваат дека се пријателски расположени, а сосема друго е да имате вистински пријатели кои цело време ќе бидат покрај вас.

  9. Без оглед на тоа колку сте добри, секогаш ќе има луѓе кои нема да ве сакаат.

  10. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат. Оние кои ги споделуваат вашите вредности ќе ве почитуваат поради она што сте. 

  11. Без оглед на тоа колку сакате некого, без оглед на тоа колку се жртвувате, тоа не е гаранција дека дека ќе ви ја возвратат љубовта. 

  12. Не можете сите да ги направите среќни.

  13. Без оглед на тоа колку се трудите, нема секогаш да го добивате она што го сакате.

  14. Не можете да направите лимонада од сите лимони кои ви ги дава животот. Некои лимони едноставно се трули.

  15. Не можете да ги избришете своите грешки.

  16. Единствена сигурност во животот се болеста, болката и смртта. Среќата и љубовта треба да се заработат со преданост и сочувство.

  17. И вие сте негативец во некоја туѓа приказна. 

  18. Вашите интереси не им се важни на сите луѓе.

  19. Среќата не се случува без тагата.

  20. Многу мал број на луѓе се грижат за тоа дали работите кои ги слушаат се вистинити или не.