Горка сол – чудо од намирница

Тешко е да се поверува дека еден минерал може да направи толку многу. Оваа сол е позната по тоа што помага кај секого.

Оваа сол е позната по тоа што се додава во водата за капење, бидејќи се намалува стресот, се омекнува кожата и се ублажуваат болките. Со примената на оваа сол успешно се лечат и акните и брадавиците, но и сувата кожа и непријатниот мирис на нозете.

Солта позната и како епсом сол доаѓа од минералните извори во местото Епсон кое се наоѓа во англиската област Сари. Не така одамна, оваа сол им се давала на луѓето како лаксатив на пролет, за да го исчисти телото од отрови кои се насобираат во текот на зимата. Користењето на оваа сол навистина придонесува за регулирање на столицата, а за тоа доволни се само 2 лажици растопени во чаша вода. Проблемот само лежи во тоа што често овој лек е многу силен, па може да предизвика пролив или грчеви во стомакот. Затоа, најдобро е да се консултирате со лекар. 

Оваа сол е добра за отстранување и на отровите кои настануваат при убоди од инсекти на површината на кожата. Додајте малку вода во оваа сол за да направите паста и нанесете ја на отечениот дел. Почнува да делува по само 10 минути.

Горката сол е добра и за чистење на порите. Само додајте 1 кафена шолја од оваа сол во ½ литар вода и истријте ја кожата со овој раствор за да ги отстраните митересите, да ја исчистите кожата и да ги отворите порите. 

Растворот од горка сол и вода исто така придонесува и за олеснување на болките во мускулите. Доволно е да ставите 1-2 шолји од оваа сол во топла купка и да се опуштите. 

Таа се препорачува и кај сите оние кои имаат недостаток од магнезиум, која се чувствува преку генерална слабост, болка и грчеви во мускулите и неконтролирано трепкање. 

Освен за лековити цели, таа се користи и во градинарството и грнчарството бидејќи им помага на розите обилно да цветаат, а грнчарите пак ја додаваат во глината за да ја подобрат нејзината еластичност.