Регулаторната комисија за енергетика треба да ја направи новата корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе важи од понеделник.

При последната промена на цените Дизелот поскапе 1 денар, 98 октанскиот супер за половина.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС98 се зголеми за половина денар поскапо и ќе чини 67,5 денари.

Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се промени и тој и натаму се продава за 65,5 денари за еден литар. 

За 1 денар пскапе дизелот чија цена изнесува 58 денари за литар. 

За зголемија и цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.

Ваквата корекција регулаторот ја правда со 2,2% повисока цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.

Во понеделник следи нова цена на горивата во Македонија. Неколку недели цената се зголемуваше, по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намалува.

Останува да видиме што нѐ чека.