Горивата со нови цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтните деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката од минатата недела, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за еден денар.

За 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-98. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,637 денари.