Гори на три места во државата, еден од пожарите е во депонија

Центарот за управување со кризи информираше дека денеска (06.09.2025 година), до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, под контрола е еден, и изгаснати се три пожари.

АКТИВНИ: 

1. Општина Берово – над туристичка населба Абланица (висококвалитетна боровa шума);

2. Општина Долнени – с. Дебреште (депонија);

3. Општина Прилеп – Изофас (ниска вегетација).

ПОД КОНТРОЛА: 

1. Општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

ИЗГАСНАТИ: 

1. Општина Гевгелија – с. Конско (ниска вегетација и дива депонија);

2. Општина Струмица – с. Банско (депонија);

3. Општина Дебар – Дебарските гробишта (плевна).