
Центарот за управување со кризи информираше дека денеска до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои пет се активни пожари, под контрола нема и изгаснат е еден пожар.
АКТИВНИ: 5
1. Општина Кичево: село Шутово (сува трева и стрниште)
2. Општина Центар-Жупа: село Горенци (депонија и сува трева)
3. Општина Гази Баба: Вардариште (депонија)
4. Општина Бутел: Визбегово, пат за Горно Оризари (сува трева)
5. Општина Бутел: ул. 5 во Визбегово (сува трева)
Пожарот во Општина Гевгелија: планина Кожуф (приземен пожар) кој утрово беше ставен под контрола, до 12 часот целосно е изгаснат.