Гори на четири места во државата, под контрола ставени два пожари во скопско

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска (24.09.2025) до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно девет пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола и изгасен е еден пожар.

АКТИВНИ: 4

1. Општина Македонски Брод: над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат);

2. Општина Чучер Сандево: с.Малино и с.Танушевци (мешана шума).

3. Општина Липково: с.Гошинце (шума);

4. Општина Долнени: с.Ропотово (ниска вегетација).

ПОД КОНТРОЛА: 4

1. Општина Гевгелија: Кожуф планина (букова шума);

2. Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);

3. Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);

4. Општина Делчево: Градска депонија Острец (ѓубре).

ИЗГАСНАТИ: 1

1. Општина Гостивар: нас.Циглана (Ѓубре).