Гори депонијата во Ново Село

На крајбрежјето на реката Лепенец во Ново Село, во општината Ѓорче Петров, кај дивата депонија, во мометов се издига огромен густ чад кој се шири во околните населби се до Карпош. 
Очигледно е дека некој гори гуми, кабли и пластика во среде бел ден без при тоа да има обзир ниту за загадувањето ниту за тоа дека некој може да го казни за тоа. 

Дивата депонија во Ѓорче Петров кај Ново Село останува рак-рана за главниот град и најголем загадувач последниве години. 
И покрај сите апели и ветувања од надлежните, депонијата останува црна еколошка дупка во нашиот град но и во нашата морална и етичка одговорност, а посебно тоа се однесува на општинските и градските власти. 

Во текот на зимските месеци како загадувач на воздухот се споменуваше и пречистителната станица во Ново Село, која се наоѓа веднаш до депонијата, од каде, посебно во ноќните часови нешто се согоруваше и се испушташе црн, густ, остар чад го го покрива пола Скопје.