
Денеска по полноќ се запалил објект во скопски Центар. Интервенирала Противпожарната екипа.
- На 04.06.2026 во 01:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во напуштен објект на подрачјето на Центар. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираа денеска од полицијата.