Гореше автомобил  марка „БМВ Х5“на паркинг во Скопје. Како што информираат од полицијата, На 20.09.2018 година во 04.05 часот, пријавено е дека на улица „Христо Смирненски“ во Скопје непознато маскирано лице фрлило предмет кон патничко возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Т.(25), по што настанал пожар. 

Возилото било управувано од неговиот татко З.Т.(58), кој последен пат го паркирал возилото околу 16.00 часот на 19.09.2018 година на наведената адреса.

Пожарот бил изгаснат од екипа Противпожарната единица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.