Горд Скопјанец, добар човек - Весна Бејби се сеќава и го оплакува својот татко

Познатата макеоднска актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска вчера ја објави веста за смртта на својот татко, а денес повторно се огласи со емотивна објава. 

-Не можам да престанам да плачам, губам воздух, ги сподели Весна своите емоции, истовремено споделувајќи објава за животот на својот татко, Кирил Петрушевски.

-Татко ми не беше само добар човек. Беше најдобар. Убав, нежен и грижлив. Шизик и шмекер. Горд Скопјанец. На неколку дена пред твојот 78 роденден, наместо да славиме со торта со свеќи за кои последниве години велеше дека од толку восок штета ќе биде тортата да се запали, го славиме твојот живот. Оти твојот живот заслужува да се слави. Од раѓањето во Чаир, преку Ново Маало до Кисела Вода. И разноразни патувања и патишествија. Оти тато, сакаше да патува, пишува во објавата на Весна Бејби и нејзината сестра Маја.

Целата емотивна исповед може да ја прочитате подолу во објавата.