Горан Бреговиќ со концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски”

Балканската ѕвезда, познатиот и попуарен Горан Бреговиќ, на 22 март во ВИП Арената “Борис Трајковски” во Скопје ќе ја има концертната промоција на својот последен проект „Три писма од Сараево“.

Ова шоу Бреговиќ ќе го изведе со својот „Оркестар за свадби и погреби“, кој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија.

На сцената тој ќе се појави заедно со гостите што ги носи на сите негови концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку, албумот „Три писма од Сараево“, е најпродаван Етхно њорлд албум во светот во 2018, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Присутните на концертот ќе имаат можност да се потсетат на сите негови хитови како „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и многу други.

Влезниците се веќе во продажба.