Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ конечно го носи својот успешен проект „Три писма из Сарајева“ и во Скопје, и тоа на 22 март 2019 год. во арената „Борис Трајковски“.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Три писма из Сарајева“ е најпродаван етно-албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22 март.  Од регионот, Горан Бреговиќ настапува во Белград на 15 декември придружуван од Белградската филхармонија.

Влезниците се веќе пуштени во продажба од понеделникот наутро (03.12.2018).