Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот најуспешен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпровадан Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.
Од регионот, Горан Бреговиќ настапува во Белград на 15-ти декември придружуван од Белградска филхармонија.

Влезниците се пуштени во продажба  преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари
ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари
ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари
ТРИБИНИ- 700 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS- 1.000 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS- 1.200 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП- 1.500 денари (блок 13)