Гонзалес им одржа час на учениците од Спортската академија (фото)

Раул Гонзалес на тренинг со учениците од ракометната паралелка  на спортската академија.Стратегот на РК Вардар со своето гостување го заокружи проектот гости тренери.

Гонзалес ја поздрави идејата младите потенцијали да искусат професионален тренинг а меѓу учениците рече дека препознал повеќе таленти.

Оваа соработка  е исклучително важна во процесот на дисциплинирање и работење на учениците како и во делот на професионалното развивање што е и крајна цел на Академијата вели Ристовски.

Претходно гостуваа  Лино Червар, Индира Кастратовиќ, Марин Докузовски, Тодор Гечевски.  

Заменикот министер за образование на прашањето дали и оваа година ќе се доделуваат научни субвенции, одговори дека конкурсот е веќе  отворен и ќе трае до 31 август.

МОН во изминативе години додели 800тини  еднократни финансиски средства во висина од 30 000 денари за научниците .