Голот на Ристовски кој ја крена на нозе арената Филип Втори (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од Шпанија од 1-2 на арената „Филип Втори“ во Скопје во рамки на 6.коло во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, имаа и заслужено водство од 0:2, но едно мало невнимание придонесе за погодок во мрежата на Де Геа.

Стефан Ристовски пресече една топка на десно крило, сам истрча во противнапад и со проектил ја избуши мрежата на Давид Де Геа, што придонесе за воодушевување на трибините на „Филип Втори“.