Голот на Дибиров во ТОП 5 на колото на ЛШ

Левото крило на Вардар Тимур Дибиров со еден од неговите голови на дуелот со Висла се најде во изборот ТОП 5 голови на колото. Во изборот на ЕХФ Дибиров го има вториот најубав гол на првото коло во Лигата на шампионите.

Од македонските интернационалци во изборот на ЕХФ се најде голманот на Барселона, Борко Ристовски кој против Рајн Некар запиша 16 одбрани, една од нив е во ТОП 5.

Идеален тим на првото коло во ЛШ според ЕХФ:

голман: Сирил Думолин (Нант)
лево крило: Доминик Клајн (Нант)
лев бек: Стипе Мандалиниќ (Загреб)
пивот: Хендрик Пекелер (РНЛ)
среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
десен бек: Холгер Гландорф (Флензбург)
десно крило: Кевин Гуликсен (Елверум).