„Голф“ во движење се запали во тетовско околу полноќ

Вчера пред полноќ се запалил „голф“ во движење во тетовско. 

- На 02.08.2026 година во 23:40 часот во СВР Тетово е пријавено опожарено патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки на регионалниот пат Тетово – село Брвеница. Возилото било управувано од Р.М.(30) од село Теново, која изјавила дека пожарот избувнал во предниот дел кај моторот додека била во движење, информираа од МВР. 

Нема повредени лица, додека пожарот е целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.