„Голф“ управуван од 74-годишник излета од пат кај Велес, повредени три лица

Три лица се повредени откако „голф“ излета од пат во велешко. 

Вчера околу 15.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(74) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од  увидна екипа на СВР Велес.