„Голф“ излета во кумановско, повредени се две млади лица

Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа во кумановско. 

- На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат село Ропаљце - село Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од село Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.