„Голф“ излета од пат, тешко повреден 34-годишен возач

34-годишник од Струга е тешко повреден откако со голф излетал од пат. 

- На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(34) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата.

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.