Големи реконструктивни зафати и набавки во градинката „8 Март“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со јавните детски градинки изминатиов период со активностите кои ги презема работи на подобрување на условите за дечињата и врабоотените во нив.

За таа цел, ЈДГ „8 Март“ по претходно спроведена постапка за јавни набавки изврши набавка на стоки кои ќе ги подобрат условите за сите кои поголемиот дел од денот го поминуваат во градинката. Имено, нова кујнска опрема поставена е во објектите „Пеперутка 2“ , „Расадник“ и „Пржино“, а истите се доопремени со нови фрижидери, како и со електрични казани од инокс согласно НАССР стандардите за подготовка на оброци. Покрај ова, за кујните набавени се, професионални бленедери за храна, лончиња, тембала, лажици, тенџериња , термоси за храна и друг ситен кујнски инвентар. Во периодот што следува ќе се постават и нови 42  теписони за сите 42 занимални во објектите на градинката. Нови теписони ќе добијат и салите во објектите „Расадник“, „Пржино“ и „Пеперутка 2“. Во сите занимални на објектите кои се во надлежност на ЈДГ „8 Март“ поставени се 42 прочистувачи за воздух од кои за 31 финансиски средства обезбеди Општината, додека,  11 се донација од страна на Министерство за животна средина и екологија на РМ. За потребите за средување на дворната површина на објектите „Пеперутка 1 и 2“ набавени се 3 бензински косилки.

Во објектите „Пеперутка 1 и 2“ извршена е замена на дел од дотраената електроника за парно инсталација се со цел обезбедување на непречено фунционирање на објектите. Воедно, во објектот „Пеперутка  1“ извршени се работни активности за варосување на две простории, во моментов во истите се одвиваат активности за поставување на ламинатна подлога. До крајот на оваа седмица  ќе се изврши варосување и поставување на ламинат во уште една занимална. Градинката во текот на изминатиов викенд согласно законските прописи изврши чистење на оџаците во објектите:  „Расадник“, „Пеперутка 1 и 2“, „Пржино“ и „Стапалче“, a воедно, изршено е темелно чистење од насобран талог на котлите на нафта во објектите „Пржино“, „Пеперутка 1 и 2“, исчистен е и котелот на пелети  во објектот „Стапалче“.  Во објектот „Ѕуница“ спроведени се работни активности за преадаптација на една просторија  во котларата, поставена е парно инсталација, а за загревање на истиот монтиран е и котел на пелети. Во објектот во Зелениково комплетно е санирана кујната, ѕидната и плафонската површина.

И објектот „Расадник“ ќе има подобри услови за дечињата и вработените. Во истиот извршена е замена на дел од дотраената парно инсталација со нови радијатори во салата на објектот, во една работна просторија за администрацијата, во кабинетот за пауза, во еден детски тоалет, во пералната и во две занимални. До крајот на оваа седмица објектот ќе добие нови играчки за дечињата. Воедно, во објектот „Расадник“ се изврши и темелно чистење на инсталацијата на професионалните аспиратори во кујната во објектот „Расадник“ која функционира како централна кујна, оваа постапка се реализира 12 пати во континуитет за период од 1 година. Во текот на месец декември во објектот ќе се постави и нов мебел во објектите за кои е наменет.

По реализацијата на горенаведеното во периодот што следува во објектите на ЈДГ „8 Март“ ќе се продолжи со активности кои ќе опфатат, поправки и санации на  детски тоалети, варосување на занимални и замена на подни подлоги.