Големи гужви на Богородица: За влез во Македонија се чека до четири часа

Долги колони возила вечерва се регистрирани на граничниот премин Богородица, каде што се создаваат значителни гужви на влез во Македонија од Грција.

фото: Архива

Според информации од патници кои во моментов се на преминот, времето на чекање за влез во земјава изнесува меѓу три и пол и четири часа.

Фотографиите од терен покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси кои се движат бавно и чекаат пред граничните контроли. Поради зголемениот број возила, сообраќајот на преминот се одвива со значително забавено темпо, а патниците се принудени подолго време да чекаат за да ја поминат границата.

Информациите за времето на чекање се од патници кои вечерва се наоѓаат на граничниот премин Богородица.