Големата забава „Супер Скопје“ продолжува на улица Македонија

Големата забава „Супер Скопје“ продолжува викендов на нова локација, на улицата „Македонија“.

За последните детали за организацијата на овој голем настан, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и организаторите на „Супер Скопје“, денеска остварија средба со дел од претставниците на угостителските објекти од овој реон.

Во рамките на „Супер Скопје“ овој викенд, забавата ќе започне во петок (01.09.2017 година) во 21 часот, каде присустните ќе можат да уживаат во настапите на Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева.

Во сабота (02.09.2017 година) забавата ќе започне во 22 часот, каде ќе настапат Тамара Тодевска, како и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.