Голема забава под маски во Ѓорче Петров по повод Априлијада 2023

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски испрати повик до сите да се приклучат на големата забава под маски по повод Априлијада 2023.

Настанот ќе се одржи на 31 март на Централниот парк во Ѓорче Петров, а стартот на дефилето ќе биде од 11.30 часот, додека отворањето на маскенбалот од 12 часот.

- Придружете ни се заедно да го одбележиме денот на шегата, проследен со забавна програма. Сите дечиња во реонски парк. Почнува забавата под маски, објави Стојкоски.