
Први април - денот на шегата ќе се слави и во општина Бутел.
Градоначалникот на општината Дарко Костовски упати покана за најголемата забава под маски, која ќе се одржи на денеска во салата “Антон Димитров”.
- Ќе има многу музика, забава, детски претстави и најубавите детски маски. Први април ќе биде денот кога ќе се забавуваме и заедно ќе се дружиме. Се гледаме на супер забава! - стои во поканата од првиот човек на општината.