Голема забава и многу подароци - Зоолошка градина го слави својот 93-ти роденден

Оваа година ЈУ Зоолошка градина Скопје го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Со почеток од 12:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.

За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, патување за двајца (плус дете) и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.

До роденденот, може сите вие да добиете повеќе шанси за да бидете потенцијален добитник на некој од подароците. Се што треба да направите е при посета во зоолошка, на билетарата да побарате купон, да го пополните и да го ставите во кутијата која се наоѓа на влезот.

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.