Голема трагедија во Ѓорче: Новогодишни сијалички запалија стан, почина жена

Околу 17 часот вчера во Единицата за информации и команда Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека при гасење на пожар во стан на улицата „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело.

Полицијата денеска информира дека се работи за телото на 62-годишната Ј.А. која за жал се задушила во пожарот, кој наверојатно настанал од украсни сијалички на новогодишна елка, по што била запалена дневната соба.

Пожарот бил изгаснат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.