Голема полициска акција во Скопје за апсење на лица инволвирани во трговија со оружје и дрога

Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации,  за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата.

Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец.

Од МВР потврдуваат дека има акција и дека таа се уште во тек, а информации најавуваат откако акцијата ќе заврши.