Ексдиректорот Ѓорѓи Галетановски откри дека поднел документи на огласот на град Скопје за директор на Зоолошката градина во Скопје. Како што тој вели ова го прави во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои му пишале деновиве, но најмногу за животните и колегите кои заслужуваат мир и благосостојба достојни за нив.
На социјалните мрежи ставовите за скопската Зоолошка се поделени со оглед на негативниот тренд кој ја следи оваа институција изминатиот период.
Дел ја одобрија својата поддршка за Галетановски повторно да застане на чело на Зоолошката градина, други сметаат дека истата треба да се затвори.
Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:
Јас би бил многу среќен кога би ги подариле сите животни од зоолошката градина и гордо би објавиле дека сме главен град без зоолошка градина.
— 42 (@forty_tw0) August 31, 2023
Во Зоолошка не влегувааат парите од Град Скопје, Бил Гејтс стави го директор ќе пропадне
— Микроби (@mikr0bi) August 13, 2024
Зоолошка е пред тотален распад баш ради такви политики. Јас не знам што толку долго се чекаат резултатите од анализите на сите тие скандали периодов.
— Ајс Ти (@IceBucks7) August 13, 2024
Ако е паметна Данела ќе го врати Галетановски назад како директор на ЗОО Скопје и тоа ќе биде единствена светла точка на нејзиното кметување.
— Leon (@BakraceskiLeon) August 13, 2024