Голема наградна игра: Премија од 250.000 денари како финале на 25. роденден на Веро

„Опуштено цела 2023 година“ е големата наградна игра за потрошувачите со која Веро ќе ја заокружи јубилејната роденденска година која беше полна изненадувања. Најголемото изненадување доаѓа на крајот – главна премија од 250.000 денари за најсреќниот потрошувач.

Почнувајќи од 16 ноември сѐ до 29 декември, потрошувачите на Веро ќе можат да учествуваат во големата наградна игра и да добијат вредносни ваучери во различна вредност кои ќе можат да се искористат за пазарување во Веро маркетите. Наградната игра се состои од шест извлекувања во кои ќе се доделат вкупно 60 ваучери од по 25.000 денари, 60 ваучери од по 2.500 денари, 60 ваучери од по 1.500 денари и главната награда - ваучер од 250.000 ден.

Во наградната игра може да учествува секој полнолетен потрошувач со сметка над 300 денари од означените промотивни производи, за која ќе добие купон. Купоните треба да се пополнат со лични податоци и да се остават во означените кутии поставени во сите Веро маркети.

- Предновогодишниот период е време кога се подготвуваме за најубавите семејни собирања и дружби со драги луѓе. Празниците нѐ обединуваат на заедничка трпеза, а ние во Веро се трудиме уште повеќе да им го разубавиме празничниот период на нашите потрошувачи и да им го направиме посреќен. Задоволството е уште поголемо кога на ваков начин го заокружуваме јубилејниот 25. роденден кој целосно им беше посветен на нашите потрошувачи, креирајќи за нив посебни роденденски понуди и изненадувања. Наградувајќи ги нашите потрошувачи, ќе ја завршиме годината на најубав можен начин – вели Милана Петковски, маркетинг-директор на Веро.

Главното извлекување е закажано непосредно пред крајот на годината, на 30 декември, кога ќе биде извлечен најсреќниот добитник на 250.000 денари кои ќе може да се искористат за пазарување во Веро.

Имињата на добитниците редовно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети.

Наградите ќе може да се подигнат само со приложување на фискалната сметка со кој потрошувачите учествувале во наградната игра, затоа сите учесници треба да ги чуваат сметките до крајот на наградната игра.

Веро им посакува среќа на сите учесници.