Голема количина оружје пронајдено на нива во близина на Матејче

Министерството за внатрешни работи информираше дека на нива во близина на Матејче била пронајдена поголема колочина оружје.

Вчера во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62x56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.