Голема количина дрога пронајдена во подрумски простории во зграда во Аеродром

Поголема количина дрога пронајдена при претрес во скопски Аеродром. 

- На 08.07.2026 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога: бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги, информираа од МВР. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.