
Од Општина Аеродром денеска информираа дека започнале голема акција за уредување на зелените површини во општината.
„Денеска, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, започнавме голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром. Се врши машинско косење на тревните површини, собирање откос и лисја, кроење и уредување на вегетацијата, обликување на дрворедите покрај велосипедските патеки, како и одржување на чистотата и отстранување на собраната зелена маса“, посочија од Општина Аеродром преку социјалните мрежи.
Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации.
Овие активности, како што велат од Општина Аеродром, се од особено значење за општината, бидејќи уреденото и одржувано зеленило директно придонесува за поквалитетна животна средина, повеќе простор за рекреација и подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните.
Општина Аеродром нагаласи дека ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период