По повод 21 Март – Денот на пролетта, вчера се садеше зеленило во скопската Зоолошка градина.
Во акцијата се вклучи и градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска која заедно со директорите и вработените на Зоолошката градина Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ .
Во активностите за садење гости беа и учениците од средното училиште ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски" - Скопје.
-Град Скопје во континуитет реализира проекти со кои се подигнуваат нови зелени површини и садници, а во тек е подготовка за реализација на проектот за ботаничка градина во рамки на ЗОО Скопје, која ќе претставува ново зелено катче за сите посетители, велат надлежните.