Голема акција за расчистување на зеленилото на кањонот Матка

Со собирање на смет, отпадоци, пластична и стаклена амбалажа, хартиени отпадоци и друг различен отпад започна голема акција за расчистување на зеленилото на кањонот Матка.

Во организација на невладината организација 4SELECT а по повод Светскиот ден на рециклирање вчера започна проектот –Лулка- за чиста Матка.

Како поддржувачи и реализатори на овој настан, нашите екипи заедно со ЈП „Комунална хигена“ овозможија чистење на отпадоци на разлини локации на брегот на реката Треска на овој дел од зеленилото на Матка.

Во акцијата активно учествуваше и Директорот Адријан Муча, давајќи свој придонес во зачувувањето чиста животна средина.