Голема акција за расчистување и уредување на Градскиот парк по лошите временски услови во изминатиот период

По иницијатива на Град Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска и утре спроведуваат голема акција за расчистување и уредување на првиот дел од Градскиот парк по лошите временски услови во изминатиот период.

Се отстрануваат скршените и сувите гранки од крошните на дрвјата, се расчистуваат паднатите гранки од пешачките патеки и се обновуваат пешачките патеки коишто се посипани со бела ризла. Набрзо ќе бидат поставени нови клупи и корпи за отпадоци.

Оваа акција во наредниот период ќе продожи и во вториот дел од Градскиот парк.