Голема акција за чистење на Парк на природата „Гази Баба“

ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје од денес, започнува голема акција за чистење на зеленилото на Парк на природата „Гази Баба“.

-Нашите екипи ќе вршат собирање на смет, отпадоци и ѓубре. Со акцијата за чистење која ќе се одвива оваа недела, ќе биде опфатено целото зеленилото во Паркот, велат од јавното претпријатие.