Голем урбан настан BACK 2 SCHOOL WEEK на повеќе локации низ Аеродром

Општина Аеродром ве поканува на големиот урбан настан BACK 2 SCHOOL WEEK што ќе се одржи од 24 август до 1 септември на повеќе локации низ општината.

Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година.

Единствената урбана забава почнува на 24 август (сабота) со настапи на ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“. Продолжуваме:

- на 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;
- на 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;
- на 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;
- на 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;
- истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;
- и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.

Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.

BACK 2 SCHOOL WEEK ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.

Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки.
Создаваме моменти за паметење!