Голем спортски успех за ски клубот „Меденица“ од Карпош

Во конференциската сала на ресторанот „ Воденица“, минатата среда (29.05.2019), свечено беа доделени наградите за победниците на  „ Алпскиот куп“ и  Државното првенство на Република Северна Македонија за овогодинешната  2018/2019 скијачка  натпреварувачка  година. Дури  седум натпреварувачи на Ски клубот „ Меденица“ се качија на подиумот во категории за деца од 8-16 години. Во дисциплината слалом и во велеслалом  беа освоени вкупно 14 пехари.

Мирко Лазарески е најдобар во категоријата за деца до 16 години, додека Мила Лазаревска го освои третото место во конкуренција на девојчињата до 16 години. Мартин Христовски го освои второто место до 14 години, а Огнен Јовановски  застана на третото место  во категорија деца до 14 години. Шампионското прво место во категорија деца до 10 години, му припадна на Никола Буклески, а  вицешампион кај девојчињата стана Марија Јовановска во  натпреварувањето до 12 години. Мартин Шикалески се закити со бронзен медал во категорија до 10 години.

Ова е исклучителен успех за Ски клубот кој доаѓа од Општина Карпош. Локалната самоуправа и  понатаму финансиски ќе го поддржува клубот, со цел, „Меденица“  да постигнува подобри спортски резултати и успеси во иднина.