Голем проблем за Вардар: Се повреди еден од клучните играчи, го чека подолга пауза

Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради скинати лигаменти на коленото.

Бекот на „црвено-црните“ се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли. Горбок по две годишна пауза ова лето се врати во Скопје и потпиша договор со Вардар.

Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици.

На списокот на повредени играчи извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран, но тие закрепнаа и се очекува вечер да бидат во составот на македонскито шампион во второто коло во СЕХА Газпром лигата против Железничар.

Натпреварот е закажан за 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански”.