Пожар од доцна вечерва беснее во атарот на скопските села Варвара и Марков Манастир. Според информациите на мештаните, се работи за голем пожар, а пламените јазици се прошируваат брзо бидејќи дува засилен ветер.
Пожарот е пријавен од локалните жители и се чека да интервенира противпожарната служба.
Огнената линија се шири долж планината кон блиските села.