Голем одзив на донаторската акција на ЈП „Лајка“

Изминатaта сабота во „Цреша Бар“ граѓани, активисти, здруженија, компании, љубители на кучиња, соработници и пријатели на „Лајка“ дојдоа на неколку часовна дружба и се приклучија во иницијативата за помош на бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка.

-Благодарение на овие хумани граѓани беа собрани огромен број на донации како: ќебиња, прекривки, пешкири, креветчиња, околувратници, поводници, градници, храна, чешли, играчки, шампони, фенови, универзални средства за хигиена… Покрај нив, Хотел Ибис и Велмар Кем како општествено одговорни компании не поддржаа во нашата мисија и донираа голем дел од својот асортиман за бездомните кучиња. На овој хуманитарен настан посетителите имаа можност да се запознаат и дружат со кучињата ВАЛЕ, ШЕЛДОН и ПАША кои го имаат поминато хуманиот третман и за кои активно бараме дом. На наше огромно задоволство на овој настан беа присутни и дел од нашите досегашни вдомувачи кои заедно со своите миленици од Лајка ја исполнија атмосферата со многу забава. Им благодариме на сите што ја поддржаа оваа хумана иницијатива организирана од страна на активистите за заштита на животните во соработка со прифатилиштето на Лајка и помогнаа со своите донации во остварување на нашата цел – благосостојба и хуман третман на кучињата во Лајка, велат од јавното претпријатие.