Голем меѓународен женски турнир во одбојка од 8 до 10 јули на кејот од Вардар

Голем меѓународен женски турнир во одбојка на песок ќе се одржи од петок до недела, на игралиштето на кејот од Вардар во Општина Аеродром.

Турнирот на кој ќе учествуваат голем број професионални екипи од Македонија, Србија и Црна Гора е во организација на женскиот одбојкарски клуб „Вардар“, а со голема и безрезервна поддршка од Општина Аеродром.

Покрај наградите за најдобрите екипи, предвидени се и голем број изненадувања и многу забава за публиката која ќе присуствува на овој спортски настан и ќе ги бодри одбојкарките.

Натпреварите по одбојка ќе се одржат овој викенд од 8 до 10 јули.