По повод Денот на шегата Општина Ѓорче Петров организираше голем маскенбал за најмладите жители во реонскиот парк во општината.
Учество земаа сите градинки и основни училишта, кои беа и дел од организацискиот дел на целиот настан. Креирани беа преубави и уникатни маски, а имаше и ликовна секција која ги црташе најубавите маски и за своите творби добија пригодни награди.
-Овој преубав ден го поминав со дечињата кои се најискрените и најдобрите пријатели, кои иако е 1-ви Април не знаат да излажат, туку само да се пошегуваат и насмеат, објави градоначалникот Александар Стојкоски.