На стадионот на АРМ во Скопје, на 1 Јуни, Владо Јаневски  најавува голем концерт, кој е по повод 25 години од неговата соло кариерата на која започна со песната „Црно Тиквешко“.

После тоа следуваа голем број на хитови. Од тогаш до денеска Владо објави многу песни и стана вистинска музичка ѕвезда во Македонија.

Организаторите на концертото очекуваат да има присуство на околу 10.000 фанови.

Сите негови поголеми хитови ќе бидат изведени на концертот кој ќе трае повеќе од два часа.

Од овој петок влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:

500 ден  ПАРТЕР

800 ден  ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)

1.000 ден  ВИП

Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).