Голем концерт на рокерите „Елита 5“ во МНТ

На сцената во Македонскиот народен театар, на 27 декември, во 20 часот ќе се одржи концерт на еден од најпознатите албански рок-бендови на сите времиња „Елита 5“. Концертот е насловен  „Торнадо во Скопје“ и се одржува по повод одбележувањето на јубилејот од  триесет години постоење на музичката сцена.

Трите децении музичка кариера во која создадоа бројни хитови, рокерите од Тетово ќе ги одбележат со концерти во Тирана и во Приштина, а со поддршка и во организација на Културно-информативниот центар и општината Чаир, последниот од серијата концерти ќе го реализираат во Скопје. „Елита 5“ на овој јубилеен концерт ќе ја забавува скопската публика со песните што се слушаат со генерации.

Во изминатите години бендот создаде 120 песни од кои најпознати се „Ал Капоне“, „Не сум диктатор“, „Збори само збори“. Ова се само некои од хитовите што ќе ги изведат на концертот во Скопје, покрај песните од нивниот нов, осми по ред албум „Торнадо“, објавен годинава.

Бендот го сочинуваат Медваип Мустафи (соло гитара), Бесим Ибрахими (тапан), Ариф Зибери (вокал), Агрон Идризи (бас гитара) и Неџат Мујови – Вирус (синтисајзер).

cheap nike free run 5.0