Голем интерес за упис на првачиња во новиот објект на ОУ “Невена Георгиева Дуња”

Голем е интересот на родителите кои своите првачиња сакаат да ги запишат во новиот објект на ОУ “Невена Георгиева Дуња” во Општина Кисела Вода. На уписите коишто завршија пред една седмица аплицирале 64 првачиња, од кои за целодневна настава се определиле 44, а за класична настава 20.

Капацитетот на новоизградениот објект  на ОУ “Невена Георгиева Дуња” кој беше отворен во 2016 година, е за 600 ученици  во две смени. На 2200 метри квадратни наставата се следи во 15 училници и 5 кабинети. Истото е опремено и со целосно нов инвентар.

Со изградбата на овој најсовремен училишен објект вреден над 80 милиони денари кои ги инвестираше Министерството за образование и наука, на барање на Општина Кисела Вода, се одговори на потребите на учениците од овој дел од градот кои дотогаш наставата ја следеа во дотраени бараки изградени во 1964 година.

Дополнително, Општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција на спортската сала на ООУ “ Невена Георгиева Дуња “. Согласно потпишаниот Договор со УНДП за соработка и за заедничко инвестирање во креирање на мерки за енергетска ефикасност на локално ниво, кровот на оваа сала е заменет со нов, а енергетски се обновени и надворешните ѕидови и фасадната столарија. Во периодот што следува, оваа локална самоуправа ќе инвестира и во обнова на подот на спортската сала, со што учениците од ова училиште часовите по физичко воспитување ќе ги одржуваат во најсовремени услови.

Инвестициите кои значат обезедување на подобри услови и во училишните објекти на територија на Општина Кисела Вода и понатаму остануваат да бидат приоритетни.
Воедно, Општина Кисела Вода на сите деветоодделенци им ја честита полуматуратата и им посакува успех во понатамошното образование.

new nike air max 2019