Голем инцидент на Партизанска: Повредени 8 специјалци (ФОТО)

Во сообраќајката се повредени 8 припадници на Посебната единица за поддршка, кои со возила на брза помош и на сведоци биле префрлени на скопските клиники и во градската болница, објави Република.

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва по прославата на градскиот плоштад кога црвено ауди со скопски регистерски таблички со голема брзина му го пресекло патот на полициски конвој кој се движел по Партизанска кон полициската станица во Ѓорче Петров.

Во сообраќајката се повредени 8 припадници на Посебната единица за поддршка, кои со возила на брза помош и на сведоци биле префрлени на скопските клиники и во градската болница.